
Васоски си замина од Вардар: Со ваков товар не можам да се носам!
Ова е вторпат популарниот Тетовче на полусезона да го напушти кормилото на најтрофејниот македонски тим, со оглед што речиси на идентичен начин си замина пред крајот на 2020, кога набрзо потоа потпиша за Академија Пандев.
„Кога дојдов ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, но очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша меѓу другото веќе поранешниот тренер на црвено-црните.
Васовски на клупата на вардарци седна на крајот од август, по заминувањето на Бобан Грнчаров. Тој во јавноста се споменува како можен иден тренер на Шкендија.