Пред пет години бил ѕидар, денес е ѕвезда на Јувентус, а за сѐ е „виновен“ Ѓоковиќ
Ги постигна победничките голови против Монца и Наполи и му донесе четири бода на својот тим. Интересна е животната приказна на 25-годишниот фудбалер кој до пред пет години не се занимавал професионално со фудбал, туку бил ѕидар, а се занимавал и со производство на стакло, поправал покриви и поминувал десет часа дневно на пазар. Деталите за него ги открива татко му во интервју за Тутоспорт каде тврди дека важна улога за неговиот успех има Новак Ѓоковиќ.
„Исклучително му се восхитува на Ѓоковиќ и неговата глад за победи. Никогаш со ништо не се задоволуваше, секогаш се бореше сам со себе, знаеше дека мора да го промоени својот живот и успеа во тоа“, открива Лудовико Гати.
Во својата кариера, Федерико играл во секој ранг на италијанскиот фудбал. Првпат во Серија Б бил во сезоната 2021/22, а година подоцна Јувентус го купил од Фросиноне за 9 милиони евра.