
Победничката серија на Арсенал заврши во Бирмингем, големо славје и во – Ливерпул (ВИДЕО)
Шкотскиот интернационалец, Скот Мекгин, беше херој во составот од Бирмингем со погодок уште во седмата минута, кој се покажа клучен за дури 11. победа за овој тим и тоа по само 16 одиграни рунди. Астон Вила истовремено стави крај на серијата од шест победи по ред на „топчиите“, од кои четири беа во англиската елита, но и покажаа дека би можеле да се вмешаат со борбата и за највисок пласман. Арсенал за момент се израдува во последната минута, по голот на Еди Нкетија, кој, сепак, беше поништен поради игра со рака.
Најрадосни од овој епилог се во тимот на Ливерпул, кој по триумфот со пресврт кај Кристал палас (2-1) доби помош од Астон Вила, па сега ќе остане лидер на табелата во Премиер лигата најмалку до следното коло. „Црвените“ се први со 37 бода, еден повеќе од Арсенал, а два од третопласираната сензација од Бирмингем.