
Стојанов одново седнува на клупата на Беласица!
Струмичани под негово водство во сезоната 2021/22 беа на чекор до враќање во Првата лига, со оглед што загубија во баражот од екипата на Скопје. Стојанов на кормилото на Беласица доаѓа од позицијата координатор на младинската школа, каде што работеше оваа полусезона, а оваа функција паралелно ќе продолжи да ја извршува и во иднина.
Тој е носител на тренерската Про-диплома.