
„Не би се вратил во НБА-лигата, во Мадрид се чувствувам како да сум дома“
Кампацо откри дека не се чувствувал добро во НБА-лигата затоа што околината била токсична и не можел да го покаже најдоброто.
„НБА е токсична, а играчите постојано добиваат критики. Тука се чувствувам како дома. Имам куќа, ќерка ми е родена тука, а имам и убави спомени од Мадрид. Кога добив шанса да се вратам во Шпанија, не се двоумев. Искрено, не би се вратил повторно во САД“, вели Кампацо.