Шпанска тенисерка избега од академијата на Надал: Не можев да издржам!

Младата и талентирана шпанска тенисерка Ариана Герлингс избега од познатата академија на Рафаел Надал затоа што не можела да ги издржи бруталните тренинзи.

Тенисерката ја напушти академијата и во разговор со медиумите кажа дека морала да направи таков потег за да не си ја уништи кариерата.

„Се обидуваме да го следиме ритамот. Се тренира со часови. Тони Надал е често присутен и работи како со Рафа - многу тренинг и малку одмор. Тој начин на работа предизвикува голем број повреди затоа што не сме сите како Надал. Многумина не можеа да го издржат ритамот“, вели тенисерката.

Поранешниот прв тенисер во светот во 2016 година ја отвори академијата на Мајорка.