Трагедија во Сакраменто: Навивач на Кингс почина за време на натпревар

Натпреварот меѓу Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс, одигран утринава по средноевропско време го одбележа голема трагедија.

Навивач почина за време на мечот откако му се слошило, а итната помош не успеала да му помогне. Ситуацијата, преку официјално соопштение, ја објасни франшизата од Калифорнија.

 

 

„За време на првата четвртина меѓу Кингс и Пеликанс, на еден навивач му се слоши. Веднаш реагираше итната помош и се обиде да го реанимира, но за жал, обидите на лекарите не беа успешни и навиваачот почина. Целата организација изразува најдлабоко сочувство до семејството на навивачот и неговите најмили“, се наведува во соопштението од клубот.

Според информациите од пожарникарската служба, навивачот бил на возраст од околу 30 години.