
Голема победа: Пред два месеци му открија рак, а сега се врати на кошаркарскиот терен!
Нему на почетокот на октомври му беше дијагностициран тумор на тестисите и мораше да оди на операција, која мина успешно, по што беше подложен на хемотерапија и неодамна доби лекарска дозвола да се врати на теренот.
Полонара мечот го заврши со 5 поени за осум минути поминати во игра, додека Шенгелија постигна 16 поени и имаше 7 скока и 6 асистенции, а Огњен Добриќ додаде 11 поени, 3 скока и 2 асистенции во победничкиот состав.