
Димитријевиќ најефикасен, Уникс испушти +22 и загуби од Локомотив
Во реприза на финалето од минатата сезона, тимот од Краснода славеше со 82-75, благодарение на грандиозниот пресврт во последната четвртина. На почетокот од второто полувреме Уникс имаше предност и од 22 поени разлика (48-26), во последниот квартал и од 67-52, но не ги издржа финалните минути.
Клучна беше серијата од 18-0 на Локомотив по која од 60-71, отиде на 78-71 и му го нанесе четвртиот пораз на противничкиот тим, а во исто време ја оствари петтата победа во низа.
Димитријевиќ на теренот помина 33 минути и за тој период постигна 18 поени, пет асистенции и три скока.