Лоша вест за Ѓоковиќ и другарите по поразот од Италија на Дејвис купот

Репрезентацијата на Србија остана без финале на Дејвис купот, откако загуби во полуфинале од Италија со 1-2 во дуели, а по поразот доаѓа уште една лоша вест за нашиот северен сосед.

Организаторите на натпреварувањето решија да доделат специјални покани за завршниот турнир идната година на Шпанија и Велика Британија, објави новинарот Хозе Моргадо.

Ова значи дека Србија повторно ќе мора да игра квалификации за да се пласира на завршниот турнир во Дејвис купот, иако оваа сезона оствари солиден резултат, односно подобар од Шпанија и Велика Британија.