И премиерот Заев ќе ги бодри ракометарите во Вараждин!

Македонските ракометни херои вечерва против Шпанија (20.30 часот) во Вараждин ќе ја бијат една од клучните битки во обидот да дојдат до полуфиналето на Европското првенство (ЕП) и тоа со помош на навивачка Фаланга, која овој пат ќе биде потпомогната и од премиерот Зоран Зарев.

Претседателот на Владата е познат како вљубеник во спортот, а посебно на ракометот, поради што воопшто не зачудува што ја искористил можноста да се најде во Хрватска заедно со неколку илјади други сограѓани за од трибините да им помогне на избраниците на селекторот Раул Гонзалес.

Жолто-црвените бркаат најмалку бод, кој потоа со евентуален триумф над Чешка би значел и речиси сигурен пласман на едно од првите две места во групата, а со тоа и место во борбата за медали.