Кејн: Рекордите се за да се рушат, но за мене најважен е – крајниот резултат!
За репрезентативецот на Англија тоа беше 18. погодок сезонава, со што го собори рекордот на Кевин Киген, кој настапуваше за Хамбургер, како англиски фудбалер со најмногу голови во една сезона од германскиот шампионат.
„Тоа навистина беше добар натпревар. Требаше да постигнеме повеќе голови во првото полувреме. Ова е важна победа по репрезентативната пауза. Резултатот е она што е најважно. Некои луѓе веројатно очекуваа нешто повеќе, но Келн добро се бранеше. Рекордите се за уривање, но резултатот е секогаш најважен“, изјави Кејн за официјалниот сајт на клубот од Минхен.