
Зверев го чека пекол: Ја тепал девојка му поради „лајкови“ на Инстаграм!?
Откако Судот реши Зверев да плати 450.000 евра на поранешната девојка, во Германија се појави нејзино интервју во кое беа откриени детали од нивниот однос, но и од судскиот спор кој се водеше претходно.
„Зверев е љубоморен човек. Постојано ми го проверуваше телефонот. Понекогаш се каравме поради ‘погрешен лајк’ на Инстаграм, а неговиот гнев често се претвораше во физичко насилство“, открила Бренда во интервјуто.