
Суспензијата на Тонали почнува денеска, што сѐ содржи?
Според протоколите, секоја казна почнува да тече наредниот ден откако Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) ќе ја соопшти официјално, така што по вчерашното известување, денеска Тонали почна да брои.
Неговата суспензија ќе трае до 27 август 2024 година, што значи дефинитивно ќе ја пропушти целата претстојна сезона за Њукасл, како и Европското првенство (14 јуни - 14 јули), ако Италија се квалификува на него.
Она што поретко се спомнуваше деновиве низ европските медиуми е дека во целата казна има и условна, која вели дека ако биде фатен дека повторно се обложува, би можел да биде суспендиран најмногу до 48 месеци, односно четири години, што би значело тежок удар за неговата кариера, иако е 24-годишен.
Во текот на следниве 10 месеци тој ќе мора да има и 16 јавни појавувања, во кои ќе упати предупредување, порака до другите да не паднат во замката во која самиот се нашол. Се разбира, тука е и задолжителната психо-терапија за третирање на зависноста, која самиот си ја призна, а има и парична казна од 20.000 евра.