Херојот на Комити е во Израел: Бомби паѓаат близу мојата зграда!

Легендарниот ракометар на Вардар и поранешен македонски репрезентативец, Немања Прибак е заглавен во Израел каде игра за Хапоел од Ришон, тој за српските медиуми ја објаснува ситуацијата.

Миленикот на вардаровите навивачи, Немања Прибак е во Израел, „заробен“ во својот стан каде чека ситуацијата да се смири за да може да биде евакуиран во Србија. Вели дека деновиве нималку не е пријатно да се биде во оваа земја.

„Не е наивно. Порано имаше некои случувања, но сега првпат се слушнаа ракети, детонации. Ришон е некаде меѓу Тел Авив и Газа, додуша малку поблиску до Тел Авив. Бомба падна можеби помалку од километар од мојата зграда. Јас сум во нова зграда, во стан кој има таканаречена „безбедна соба“, пуштам челична завеса и тогаш сум релативно мирен. Во таа собар баш и спијам, тука ми е и телевизорот, но во моментов не можеме да излегуваме надвор од зградата и чекаме. Ми рекоа дека нето повеќе ќе се знае во наредните 24 часа“, вели Прибак.

Откако е во Израел ова не е првпат да има узбуна поради воени дејствија, но овојпат е поинаку.

„Тука сум нешто повеќе од една година. Во тој период на неколкупати имаше некои узбуни. Луѓето од клубот во тие ситуации ме замолуваа како најстар да поразговарам со останатите играчи, малку да ги смирам, да им кажам дека ќе се смири за неколку дена. Сега првпат ми рекоа дека не е навино и дека не се знае колку ќе трае. Сите сме во иста ситуација, секој во својот стан, чекаме да видиме дали и како ќе бидеме евакуирани. Во моментов аеродромот не работи. Слетуваат некои авиони, но не можеш да купиш карта и да си одиш дома. Да се разбереме, ние сме преживеале за жал и полошо, но сега сепак сум во странска држава, па не е пријатно. Но, нема паника, верувам дека ќе се најде решение“.