Брегалница му врачи специјален дрес на Гачевски! (ВИДЕО)

Пред денешниот меч меѓу Брегалница и Вардар, гостинскиот голман, Филип Гачевски доби подарок од домашниот клуб во знак на благодарност за периодот кој го помина во Штип и потсетување на големиот рекорд кој го направи.

Една сезона од својата кариера Гачевски ја помина во Брегалница, таму бранеше во сезоната 2014/2015.

Гачевски денеска се врати на стадионот во Штип, но како голман на противничкиот тим, на Вардар.

Пред почетокот на мечот, тој доби дрес од Брегалница со број 912. Тоа е бројот на минути кои Гачевски ги врза без примен гол и постави рекорд во македонското првенство.