Барселона се надева дека Фати ќе игра добро за Брајтон - имаат своја математика!

Ансу Фати синоќа го постигна својот деби гол за Брајтон, но неговиот тим доживеа дебакл на гостувањето кај Астон Вила каде загуби со 6-1.

Барселона го прати Ансу Фати на позајмица во Брајтон, засега тој само еднаш беше стартер. Вчера против Астон Вила влезе во првото полувреме и постигна гол, негов дебитантски за англискиот тим.

Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона се надева дека Ансу Фати добро ќе игра за Брајтон за неговата цена да оди нагоре.

Клубот планира да го продаде Фати следното лето и сака да добие колку што е можно повисока сума за него.