
Вардар гостува на терен каде секогаш освојува бодови, Брегалница игра против традицијата
По поразот од Гостивар во минатото коло, Вардар падна на дното на табелата, црвено-црните првиот обид да излезат оттаму ќе го имаат на терен на кој не губат. Гостуваат кај Брегалница која исто така овој меч го гледа како шанса за рехабилитација на лошата форма. Штипскиот тим е во серија од три загубени меча по ред.
Брегалница е фаворит на хартија, ако победат ќе срушат една негативна традиција за нив која вели дека повеќе од 20 години не успеале да го победат Вардар во Штип. Во последните две децении двапати се радувале на победа над скопскиот тим, двапати тоа се случило во Скопје.
Дербито се игра на Чаир, таму Шкупи ќе го пречека актуелниот шампион Струга. Двата тима имаат освоено по 15 бодови, со една крупна разлика, стружани имаат одиграно два меча помалку. Откако ги заврши европските обврски, Струга влезе во форма, врза четири победи во серија и во добра атмосфера ќе му се спротистави на конкурентот за титулата.
Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе го пречека Тиквеш, Гостивар е домаќин на Шкендија, Воска гостува кај Силекс во Кратово.
Сите пет натпревари почнуваат од 14 часот.
Вчера се одигра мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Брера Струмица, домаќините победија со 1-0.
ПМФЛ 9. коло
Брегалница - Вардар
Шкупи - Струга
Работнички - Тиквеш
Гостивар - Шкендија
Силекс - Воска