Шок во Милано: Сасуоло му го најде крајот на Интер во рок од 10 минути! (ВИДЕО)

Интер го претрпе првиот пораз во новата сезона и тоа на домашен терен, со 1-2 од Сасуоло, во шестото коло од Серија А.

Гостинот na „Џузепе Меаца“ не навестуваше дека ќе помина различно од останатите противници на Интер оваа сезона, имајќи предвид дека „нераѕурите“ поведоа со 1-0 во незгоден момент, во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме, преку Думфрис.

Сепак, Сасуоло не беше разнишан од примениот гол и веќе на стартот од вториот дел ја почна сензацијата. Во рок од 10 минути, од 54. до 63. постигна два гола за прсврт, прво преку Бајрами, на асистенција на Берарди, а потоа Берарди самиот. Симоне Инѕаги направи четирикратна замена наскоро по пресвртот, Интер имаше иницијатива и шанси, но резултатот не се смени.

Ова го задржа лидерот на табелата на 15 бода, колку што има и Милан, кој денеска славеше со 3-1 кај Калјари. Поразот на Интер му одговараше и на Наполи на нашиот Елиф Елмас, за да фати приклучок со убедливата победа над Удинезе со 4-1. Елмас влезе од клупата дури откако сите погодоци беа постигнати, во 84. минута, на местото на Кварацхелија, кој постигна гол, конечно, првпат по 19 март оваа година. Останатите тројца стрелци беа Зјелински, Осимен и Симеоне.

Вечерва се радуваше и Лацио, со 2-0 над Торино. Наполи е петти на табелата со 11 бода, зад Аталанта, Јувентус и двоецот од Милано, Лацио, пак, собра само седум бода, на 11. позиција.