Вардар: Задутре ќе им го честитаме последното место на тие што му го свртеа грбот на клубот на народот!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има лош почеток на сезоната во Првата лига, каде што се врати по пауза од две години, но очигледно сè уште не ги надмина проблемите со кои се соочуваше во изминатиот период.

„Црвено-црните“ закажаа прес-конференција в петок, која ќе почне во 11.55 часот, а на неа најавија дека ќе ги запознаат навивачите со вистинската ситуација во која е тимот.

„Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11.55 часот. Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот“, велат од Вардар.

Вардар по седум одиграни кола се наоѓа на последното место во Првата лига со четири освоени бодови.