
Ниту Дортмунд не го сака Санчо зашто по цела ноќ играл видео-игри!
„Билд“ пишува дека Дортмунд се распрашал за Санчо, но најверојатно нема да тргне по неговиот потпис затоа што е свесен за проблемите кои ги има англискиот фудбалер.
Санчо не бил дисциплиниран, па и претходно ги прекршувал правилата. Талентираниот фудбалер често седел по цела ноќ и играл видео-игри до утринските часови.
Дополнителна причина зошто Дортмунд нема да тргне по Санчо е тоа што „ѓаволите“ сакаат да го продадат за сума од 60 милиони евра, која е неприфатлива за Борусија.