Ултрасите на ПАО со посебна кореографија против АЕК бараа слобода за БББ (ФОТО)
Панатинаикос игра дерби со еден од вечните непријатели АЕК и на дербито навивачите ја обоија трибината во зелено и сино, боите на ПАО и на Динамо, сооглед дека атинските зелени и загрепските „модри“ се збратимени, а преку цела трибина стоеше транспаренд „Слобода за Бојс“.
Овој потег предизвика жестоки реакции кај приврзаниците на АЕК на социјалните мрежи, потенцирајќи дека ПАО покажале уште еднаш дека се фашисти.
Навивачот на АЕК беше избоден на смрт пред еден месец во предвечерието на пресметката во квалификациите за ЛШ на Динамо и АЕК во Атина, по што скоро 100-на навивачи на БББ беа уапсени и се во притвор. Загрепчани дојдоа во грчката престолнина, иако имаше забрана за гостување, договорено меѓу двата клуба и УЕФА.