
И Јовановски се пресели во С. Арабија, ама нема да води битки со Роналдо, Нејмар, Бензема...!
Македонецот, сепак, нема да има можност да води тим против ѕвезди како Роналдо, Нејмар, Бензема, со оглед што презеде состав кој игра во Втората лига. Ал Батин по шест кола се на средината на табелата со три победи и три порази.
Ова е своевидно враќање во фудбалот на Јовановски, чиј последен тим беше Беласица во 2021 година. Претходно, тој седеше на клупата на Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Милано, Металург, Брегалница, Шкендија, а има работено и во Самсунспор и ЦСКА Софија. Селектор на Македонија беше во периодот од 2001 до 2002 година.