Работнички ги промовираше новајлиите во Дебар Маало – дојдоа двајца анонимни странци!
Дали оваа четврка ќе биде доволна за дебармаалци да бркаат место во Европа, ќе покаже пролетната полусезона, но за разлика од претходните преодни рокови, во Дебар Маало не дојдоа (пре)звучни имиња. Во Дебар Маало дојдоа прилешчанецот Николче Шаркоски (25), кој есеноска играше во Победа, Бујамин Асани, првото засилување кое се врати од романски УТА Арад, а до минатата сезона играше во Шкупи, а дојдоа и двајца интернационалци – од Албанија и од Хрватска.
Гзим Красниќи (28) е интернационалец кој игра како стопер и доаѓа од Партизани, а со Работнички потпиша едногодишен договор. Игор Крамар (26) е интернационалец од Хрватска, игра како десен бек и доаѓа од Слобода Ужице, а потпиша двегодишен договор.
Шаркоски потпиша на три, а Асани на две години со Дебармаалци.
Покрај оваа четворка, младиот Андреј Лазаров потпиша четиригодишен професионален договор и тој е приклучен кон првиот тим.