Капело: На Италија и требаше малку луд селектор како Спалети!

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело посочи дека наименувањето на Лучано Спалети за нов селектор на „аѕурите“ откако Роберто Манчини пред еден месеци си замина од кормилото е најдоброто нешто што можеше да го добие Италија, зашто во доскорешниот тренер на Наполи доби право решение.

Капело, екс-тренер на Милан, Рома, Јувентус, Реал Мадрид, како и селектор на Англија и Русија, во интервју за италијанските медиуми посочи дека Манчини направил голема грешка со начинот на кој си замина, а доаѓањето на Спалети го оцени како извонредно, зашто на националниот тим му требало „малку луд стратег“.

„Манчини направи сериозна грешка со начинот како се раздели, потенцирајќи дека претседателот на федерацијата (Габриеле Гарвина – н.з.) не верувал во него, а во реалноста требаше едноставно да каже: 'претседателе, имам понуда која не се одбива и не можам да речам не'. Од друга страна среќен сум со изборот на новиот селектор. Ни требаше некој малку луд како Спалети, а и Лучано е помалку луд што веднаш прифати да се врати на тренерската работа. Но неговата емоција е огромна, желбата уште поголема. Милам дека овој избор е перфектен“, рече Капело.