Капиталец во Гевгелија: Кожув се засили со некогаш најдобриот кошаркар во Америка!

Екипата на Кожув со големи амбиции влегува во овата сезона во кошаркарската Прва лига, што можеше да се заклучи од продолжување на соработката со селекторот Александар Јончовски, но и од ангажманот на одличниот Американец, Колин Слатер (25 год, 185 см).

Станува збор за поранешен кошаркар на Универзитетите Тулан и Лон Бич стејт, зад кого веќе е една сезона во европската кошарка и тоа во дресот на турскиот второлигаш Беледиеспор, каде што просечно реализираше 16,3 поени со 5,2 асистенции. Најинтересен податок за него е што во 2011 година беше прогласен за најдобар кошаркар во САД на своја возраст (види ТУКА), што воопшто не е мала работа со оглед на тоа колкумина се занимаат со овој спорт во „колевката на кошарката“.

Кожув претходно го објави ангажманот на искусниот Димитар Караџовски, како и останувањето на капитенот Горан Главчев заедно со младите и талентирани Илија Колев и Димитар Лазаревски.