Србинот покажа големо срце: Алкараз плачеше, Новак со топли зборови го – утеши!

Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз по неверојатен пресврт во финалето на Синсинати со резултат 5-7, 7-6 (7), 7-6 (4), во меч кој дефинитивно може да влезе во категоријата – најдобар досега во годината.

Алкараз беше премногу емотивен на крајот од мечот, па во еден момент дури и плачеше, но Србинот знаеше како да го утеши при доделувањето на трофејот.

„Лудо, не знам што друго да кажам. Тешко е да се опише. Еден од најтешките натпревари во мојот живот. Не е важно кој турнир, категорија, ниво, играч. Неверојатно, од почеток до крај. И двајцата поминавме низ толку многу подеми и падови. Сè на сè, еден од најтешките и највозбудливите натпревари. Поради вакви натпревари и вакви моменти, продолжувам да играм и работам секој ден. Имам толку многу да кажам и толку малку енергија. Морам да му оддадам признание на Карлос - ти си голем човек и шампион. Многу играчи никогаш не успеале да дојдат до тој момент во целата своја кариера, а ти го направи тоа во само две години. Никогаш не се откажуваш, го сакам тоа кај тебе, но би сакал некогаш да одиграме и полесен меч. Шпанецот никогаш не умира, тоа веќе го почувствував.“, изјави српскиот ас.

Потоа, тој му се заблагодари на својот тим за поддршката.

„Понекогаш не знам како ме поднесувате, но ви благодарам. Ова беше ролеркостер, изгледаше како финале на гренслем, дури и повеќе од тоа. Секој натпревар што го играме еден против друг е луд. Се надевам дека ќе играме во Њујорк за неколку недели. Тоа би било убаво за публикатам не знам дали би било добро за мене“, дополни со насмевка Ѓоковиќ

Ова беше последен голем турнир пред последниот гренслем-турнир во годината, пресметката на „Ју-Ес опен“, која стартува следниот понеделник и кад ешто Новак и Алкараз се главни фаворити за пласман во финалето.