Норис го скрши пехарот на Ферстапен пред очите на цел свет! (ВИДЕО)

Макс Ферстапен победи на Хунгароринг и му донесе рекордна, 12. едноподруго победа на Ред бул, но ретко кој ќе зборува за тоа после години и години, бидејќи се случи друг настан што ја стави трката во менталните бележници.

Откако заврши свеченото прогласување на подиумот, со доделувањето на пехарите и интонирањето на химните, следуваше традиционалното прскање со шампањ на првите тројца.

Ферстапен и Серхио Перез веднаш „се заиграа“ еден со друг, заедно со својот тимски претставник, а за тоа време второпласираниот Ландо Норис имаше проблеми да го отвори шишето со шампањ. За да го забрза процесот, го тресна од подиумот, а тоа предизвика пехарот на Ферстапен да падне и да се скрши.

Според претседателот на фабриката за порцелан која ги изработува пехарите, тие чинеле осум цифри(!) секој и биле потребни шест месеци за еден да биде завршен, а Норис му пресуди во рок од секунди. Но, сега трката од Хунгароринг 2023 навистина ќе има уникатен и неповторлив споменик во скршениот трофеј во витрините на Холанѓанецот.