Ужасна трагедија: Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром!

Речиси точно три години години по неочекуваното збогување со левото крило на РК Бутел, Марко Божиновски (20 години), ракометна Македонија се соочи со нова ужасна вест, а тоа е неочекуваната и ептен трагична смрт на 19-годишниот член на РК Аеродром, Андреј Петрески.

Тој починал во својот дом, оставајќи ги во шок членовите на неговото најблиско семејство, но и пријателите и соиграчите од таборот на аеродромци, каде што ја мина целата досегашна кариера.

Петрески се најде на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на СП. Последниот поздрав со Андреј е закажан за денеска од 12.30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе биде на гробиштата во Камник.