Македонија со максимални 3-0 ја победи Албанија на стартот од Били Џин Кинг купот

Женската тениска репрезентација на Македонија со максимални 3-0 ја совлада Албанија на стартот од Били Џин Кинг Купот од Третата Европска зона што се игра во Скопје. 

Победата ја најави Магдалена Стоилковска која ја победи Кристал Дупе со 2-1 во сетови 6-7, 6-2 и 7-5. Македонија поведе со 1-0.

Водството на 2-0 го зголеми нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која буквално ја прегази Греши Бајри со 6-0 и 6-2. Веќе ја имавме победата.

Го добивме и дуелот во двојки кој немаше некое резултатско значење по нашето водство од 2-0.

Александра Симева и Ива Данева ги победија Греши Бајри и Кристал Дуле со 2-0 во сетови (7-5 7-5) за 1 час и 44 минути игра.