Барди: Еден час бевме Барса за Украинците, но тогаш ни се случи - менталитетот!
Барди после болниот пораз од Украинците се отвори, истакнувајќи дека ова е еден од најтешките порази кои ги доживеал во кариерата.
„Ќе бидам најискрен, ова е еден од моите најтешки порази во кариерата. Многу лошо се чувствувам, зашто сѐ имавме во раце. Имавме 2-0, ама... Ќе бидам најискрен – мора да го смениме менталитетот. Тука е прашање во деталите, има моменти кога ќе се загубиме, примаме голови. Не знам што да кажам, дај боже секој после меч да размислува што и каде сме грешеле. Мора да најдеме начин како да се подобриме и како прво да ги поправиме нашите индивидуални грешки. Секој од нас мора да размисли како од ситуација 2-0 за нас – успеавме да загубиме“, вели Барди.
Тој посочи дека не верува во изговори за физичка подготвеност, за недостаток на самодоверба...
„Јас во тоа не верувам, ни физичка подготвеност, ни недостаток на самодоверба. Сѐ е во менталитетот. Една милионска Украина ја ставивме во џеб, еден час игледавме дека ние сме Барселона, а тие некој просечен клуб. Ама во второ, се појави еден проблем и тоа е менталитетот. Јас разбирам дека се случуваат грешки, ова е фудбал, не е плејстејшн, но мора секој да преземе одговорност, да каже и да размисли што може да поправам, каде сум згрешил. Сега сум многу емотивен, затоа велам не верувам јас во тоа за самодоверба, физичка (не)спремност, ова-она... Секој треба да преземе одговорност, секој да каже јас тика згрешив, таму не затворив. Секој од нас треба душата да ја даде на терен и да каже јас можам 60 минути, јас пет минути...
Сега нѐ чека многу важен меч во Англија, ние еден час покажавме дека можеме да играме со најдобрите, но тоа е една линија, која или ќе направиш нешто големо или не можеш да направиш. Мора да направиме состанок, да разговараме како да одиме напред. Сите ние тука доаѓаме за да одиме напред, не наназад“, додаде Барди.