Од дебитант до - Лига Европа, Алкалоид славеше со навивачите (ФОТО)

Македонскиот ракометен проект Алкалоид, предводен од селекторот Кирил Лазаров и воглавно со македонски репрезентативци, во својата деби сезона во ракометната елита дојде до огромен успех – директен пласман во групите во Лига Европа

Алкалоид денеска вторпат го победи најтрофејниот ракометен клуб Вардар, сега во домот на црвено-црните со 25-21 за да го освои вицешампионското место и со тоа да обезбеди директно место во европските натпреварувања, како круна уште од стартот на проектот за работата во клубот, кој има уште повисоки амбиции.

„Фармацевтите“ сезонава покажаа многупати дека има иднина младиот тим што го предводи Лазаров и дека со макотрпна работа, овие играчи од кои дел се и сениорски репрезентативци може сериозно да напредуваат.

Големиот успех во СЦ „Јане Сандански“ не можеше да помине без заедничка слика за големиот успех со навивачите на клубот.