Украина во три сета нѐ реши во Лоѓ: Одбојкарите со пораз тргнаа во златната лига
Украина триумфираше со 25-21, 25-22 и 25-11 во пресметката во која Македонија беше во егал во воведните два сета, па само нијанси решаваа, но во третиот едноставно Украинците нѐ збришаа за да тргнат со убедлива победа.
Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов со по 12 поени беша најдобри кај нашиот состав, додека Дмитро Теромјенко беше прв поентер со 13 поени кај Украина, а Олег Плотнитски имапе 12 поени.
Следен меч на Македонија е во среда дома против Белгија од 20.15 часот.