Трајковски со нов гол ја спаси Ал Фејха од пораз (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски повторно беше стрелец за Ал Фејка во првенството на Саудиска Арабија, овојпат постигна гол за реми против Ал-Раед.

Гостинот, Ал-Раед водеше уште од 24. минута со 1-0 и долго ја чуваше предноста, но тоа го промени Трајковски во 80. минута кога допре една топка упатена од Павков, и постигна гол за 1-1.