
Нанали го спаси Партизан од епска бламажа – ќе има мајсторка со СЦ Дерби!
Нанали даде две тројки во осумте поени, сите за Партизан во завршните 90 секунди, меѓу нив и тројката на шест секунди пред крајот за да ја завери победата, откако три напади пропуштија Црногорците по 73-73, а Ивишиќ пропушти шанса да погоди „пенал“ за израмнување (77-78) пред Американецот на Партизан да ја даде клучната тројка.
Партизан беше на раб на бездната и пред голема бламажа зашто константно бркаше негатива во три четвртини, а СЦ Дерби имаше најголеми плус седум (47-40) во 22-та минута, па имаа и плус шест по две минути во последната четвртина, но црногорскиот тим не издржа за да направи комплетно чудо.
Нанали заврши со 23 поени и четири скока, а Данте Ексум беше најефикасен со 24 поени, додека Флечер Меги со 15 поени беше најефикасен кај СЦ Дерби, додека Ивишиќ додаде 12.
Мајсторката во Белград е во понеделник од 20 часот во „Штарк Арена“, а победникот ќе се судри со Цедевита Олимпија во полуфиналето. Ц. Звезда веќе води со 1-0 во серијата против Будуќност во второто полуфинале.