Поранешен ракометар на Загреб две сезони ќе игра за ГРК Охрид!
Хрватскиот ракометар потпиша двегодишен договор со македонската екипа која ќе ја засили пред почетокот на следната сезона, а се очекува да биде огромно засилување во борбата за пласман во европските купови.
Сафранко ја почна кариерата во Загреб, по што настапуваше за Умаг пред да се пресели во Швајцарија, а исто така има 20 настапи за сите младински категории на хрватската репрезентација.
Охрид во моментов е петти во плејофот на македонската ракометна Суперлига со 12 бодови, односно два помалку од четвртопласираниот Тиквеш.