
Ивановски продолжи да „скока“ на АТП-листата, уште малку му фали до историја!
Тој стигна до полуфиналето на ИТФ-турнирот во Поатје (Франција), каде што по голема борба загуби од домашниот натпреварувач Гејмард-Вејенбург (2-6, 6-7).
Следна цел за Ивановски се достигнување на македонските претходници, од кои е на половина пат да ги достигне. Најдобар пласман на македонски тенисер на АТП листата имаше Предраг Русевски (242. место), а зад него се Александар Китинов (296. позиција) и Лазар Магдинчев (339. место).