Големо разочарување за Ферстапен и пол-позиција за Перез во С. Арабија

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија, додкеа актуелниот шампион Макс Ферстапен разочара и ќе тргне од 15. место.

Перез стигна до првото место со време од 1.28.265, додека зад него заврши Шарл Леклер од Ферари, но тој ќе биде поместен за 10 позиции наназад поради промена на компоненти на моторот, па така од второто место ќе тргне Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

По Перез и Алонсо ќе тргнат Џорџ Расел од Мерцедес, Карлос Саинц од Ферари и Ленс Строл од Астон Мартин.