Уапсени 470 хулигани на Франкфурт по хаосот во Неапол (ВИДЕО)

Вистински хаос се случуваше низ улиците на Неапол пред реваншот меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампиони (ЛШ), а полицијата уапсила дури 470 гостински навивачи.

Полицијата уапсила 470 хулигани на Франкфурт, од кои 120 завршиле во полициска станица во Фросиноне, додека 350 завршиле во станицата во Салерно, а во моментов се води истрага.

Гостите од Германија имаа помош и од страна на навивачите на Аталанта, кои се во пријателски односи и им купиле дел од билетите за влез на стадионот.