
Беласица ем тепана ем службено поразена!
Комисијата за натпревари на ФФМ го регистрираше мечот со 3-0 за екипата на Локомотива Пехчево, која ги доби трите бода.
„Наптреварот не се одигра, зашто гостинската екипа не се појави на теренот во закажаниот термин од 14.00 часот, откако претходно пријави инцидент пред почнувањето на мечот (физички напад на двајца тренери). Судиите навремено дадоа знак за почеток на мечот, за кој од страна на домаќинот беа исполнети сите услови“, се вели во соопштението.
Беласица останува на делба на шестата позиција со 29 бодови, додека Лкомотива Пехчево е над зоната за испаѓање со 20 бода.