
Едно лице ги тепало струмичани, па гостински играч пријавен за – навреди
МВР го забележа скандалот што вчера се случи пред второлигашката пресметка со многу голем влог за опстанокот на Локомотива, па инцидентот се најде во денешниот билтен, во кој во пет минути прво котек добиле тренерите, а потоа следеле навредите. И како и обично МВР објави дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 08.03.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Ш.(30) од с.Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12.10 часот пред соблекувална на фудбалскиот стадион во с.Сингелиќ, пред одигрување на натпревар од втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на ФК Локомотива од Скопје и ФК Беласица од Струмица, тој и неговиот колега од ФК Беласица, Б.Г(32) од Струмица, биле физички нападнати од едно лице. Околу 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(49) од Скопје, член на домашниот клуб, пријавил дека околу 12.15 часот еден од гостинските играчи агресивно се однесувал кон него и го навредувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.