Им нема крај на проблемите за Чави: Левандовски ќе го пропушти „Ел Класико“!

Листата повредени фудбалери во таборот на Барса од денеска е продолжена со името на Роберт Левандовски, кој поради истегнување на мускул ќе биде надвор од теренот најмалку во следните две недели.

Ова значи дека полскиот репрезентативец ќе го пропушти првиот полуфинален меч против Реал Мадрид од Купот на кралот, кој се игра в четврток, како и првенствената пресметка против Валенски следниот викенд.

Левандовски ги одигра сите 90 минути во синоќешниот пораз кај Алмерија (0-1), но по средбата се пожалил на повреда, која се покажала посериозна. Лекарскиот тим на Каталонците сега се бори со времето, со цел да го оспособи Полјакот да може да се врати од тимот за реваншот против „кралевите“ закажан за 19 март.