Алвеш штрајкува во затвор: Не излегува од ќелија и не сака да јаде!

Најтрофејниот светски фудбалер Дани Алвеш, поранешен фудбалер на Барселона и бразилски репрезентативец почнал штрајк во истражниот затвор во кој заглави поради обвинението за силување.

Одлуката Алвеш да штрајкува е поради тоа што петти пат е одбиено барањето на неговите адвокати да биде пуштен да се брани на слобода со кауција. Алвеш ветува дека нема да ја напушти Барселона, но судиите не му веруваат и сметаат дека поради неговото богатство лесно може да избега.

Причина за ова е и фактот дека сонародникот Робино, обвинет за силување во Милано и притоа осуден на девет години, Бразил не го екстрадира според своите закони за неекстрадиција на свои државјани во други земји.

Затоа според последните информации Алвеш почнал штрајк, па не сака да излезе од ќелијата, не разговара со никого, а одбива и да јаде.

Бразилецот пет пати го менуваше исказот за силувањето, ама тврди дека е невин и дека не ја присилил девојката на сексуален однос во тоалетот во еден клуб, туку дека таа сакала да има секс со него и самоволно влегла. Промените на исказите, Алвеш ги оправдуваше дека не сакал да ја повреди својата сопруга, која во меѓувреме го напушти.

На Алвеш му се заканува затворска казна од 12 години.