Ни Покетино, ни Лев – Белгија ќе ја предводи Тедеско
Белгија остана без селектор после фијаското на СП во Катар откако Роберто Мартинез си замина од функцијата и од неодамна е нов селектор на Португалија, па долго време Белгијците бараа нов кормилар, се извртеа многу имиња, но според последните најави, Тедеско е пред промоција.
Тој е поранешен тренер на Шалке од 2017 до 2019 година, како и на Спартак Москва од 2018 до 2021 година, а потоа беше тренер на РБ Лајпциг, кој го водеше до септември лани после лошиот старт на сезоната, а во неговиот мандат беше освоен Куп, играа полуфинале во Лига Европа и обезбедија пласман во ЛШ.
Белгија ја чека старт на европските квалификации во март годинава за пласман на Еуро 2024.