Циндриќ подобар од Карабатиќ, Раул убедливо пред сите тренери!
Годината полека завршува, впечатоците се сумираат, а црвено-црната чета доминира речиси во сите избори на најдобри поединци во светот на ракометот за 2017 година.
Така беше и во изборот на „Хенд-стејшн“, каде за најдобар ракометар на годината беше избран Лука Циндриќ пред Никола Карабатиќ и Сандер Сагосен.
Раул Гонзалес убедливо победи во изборот за најдобар тренер пред Кристијан Берге и Дидие Денарт, а во категоријата играч со најголем напредок победи ракометарот на Барселона Дика Мем, пред Недим Ремили и Вуко Борозан од Вардар.