Вардар рутински се справи со помладиот „брат“ на Алкалоид

Вардар е втората екипа која го мина осминафиналето во ракометниот Куп на Македонија, по Бутел. 

Во дуелот со Мулти есенс, вториот тим на Алкалоид, црвено-црните славеа рутински и убедливо, со 43-18. Владо Недановски го почна мечот со најсилната постава играчи на располагање, па уште по 30 минути создаде предност од 20-10.

Филип Талески беше најдобар стрелец со 10 гола, Милан Лазаревски постигна седум, а кај талентираниот состав на Мулти есенс се истакнаа Дамјан Митев со пет и Димитар Узунчев и Дарин Омерагиќ со по четири гола. Вчера Бутел го совлада тимот на Јехона (53-30), а остатокот од 16-те осминафинални натпревари ќе биде комплетиран во текот на викендов. Денеска се играат уште три средби: Аеродром - Пролет, Тиквеш - Кичево, Вардар Неготино - Партизан 2016. Победниците продолжуваат во групната фаза од Купот.

 

КУП ОСМИНАФИНАЛЕ

РК Вардар 1961 – РК Мулти Есенс 43-18

РК Јехона – РК Бутел Скопје 30-53

РК Вардар Неготино – РК Партизан 2016 Спорт

ГРК Тиквеш 2014 – РК Кичево 2020

РК Аеродром – РК Пролет 62

РК Јуниор К.В – РК Драчево

РК Алкалоид – РК Астраион Хендбол

РК Голден Арт КЛ7 – РК Овче Поле 1958

РК Младост 1977 – ГРК Охрид

РК Скопје 2020 – РК Бисинов Фруит Ленд

РК Радовиш – РК Преспа 2015

РК Еурофарм Пелистер – РК Текстилец

РК Струга – РК Македонија Ѓорче Петров

РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Шампион

МРК Куманово – РК Голден Арт КЛ7

РК Прилеп – РК Металург РА