Далиќ: Вулгарноста на Канаѓаните ќе ни биде екстра мотив за да ги - прегазиме!

Натпреварот помеѓу Хрватска и Канада закажан за три дена во склоп на 2. коло од групната фаза на Мундијалот од Катар неочекувано уште од денеска почна да привлекува големо внимание, а „виновник“ за тоа е канадскиот селектор, Џон Хердман.

Тој, неочекувано, даде скандалозна изјава по синоќешниот пораз од Белгија (0-1) во која кажа дека следна цел на неговите момци е „да ја е*ат Хрватска“. Набрзо стигна одговорот од неговиот хрватски колега, Златко Далиќ, во многу поџентлемнска форма.

„Нема лесен ривал во групата, затоа мора да бидеме внимателни. Целта ни е да играме подобро од натпреварот со Мароко. Канада требаше да победи, беше подобра и загуби поради една грешка. Тие се опасен ривал кого нема да го потцениме. Видов што изјави мојот колега, секој има свој начин на комуникација, а тој се изрази како што се изрази. Не знам дали тоа беше убаво, а на нас е да покажеме на теренот дека сме подобри. Ќе ги искористам неговите зборови за дополнително да го мотивирам тимот за да ги прагазиме спортски на теренот“, изјави Далиќ.

Хрватска и Канада ќе се судрат в недела во терминот од 17 часот.