ФФМ парично казнета за исвиркувањето на бугарската химна
УЕФА изреше парични санкции за однесувањето на публиката, најголемата за свирежите на химната, а останатите 4.500 евра се за фрлање предмети на теренот. Бугарската химна беше жестоко исвиркана при интонирањето и практично не се слушна на националната Арена „Тодор Проески“.
Покрај ова еден меч суспензија на првиот меч под капата на УЕФА, а тоа е воведниот евроквалификациски меч со Малта во март догодина, доби десниот бек Тодор Тодороски за црвениот картон и директното исклучување поради остар старт на мечот со Бугарија.
Од друга страна, за неспортски однос на бугарскиот тим, УЕФА ѝ додели само – опомена!