Српски ракометар во Кисела Вода натепал соиграч во соблекувална

Инцидентот кој ретко се случува во македонскиот спорт, да се степаат соиграчи и сето тоа да заврши во полициски билтен, се случил после завршување на мечот со соблекувачната на домаќините, кога Никола Митровиќ го нападнал Горан Печенковски со боксови, а откако едвај успеале соиграчите да ги раздвојат, Србинот си заминал и според последните информации веќе не е ни дел од тимот.

„Во Кисела Вода, Г.П.(34) од Битола пријавил дека околу 20,40 часот, по завршување на спортски натпревар, во соблекувалната во спортска сала на подрачје на Кисела Вода, бил физички нападнат од неговиот соиграч Н.М.(29) од Р.Србија. Од МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели со соопштениетот од МВР.

Нетрпеливост меѓу двајцата ракометни соиграчи постоел уште за време на мечот, а сè експлодирало после завршувањето на дуелот во ОУ „Круме Кепески“, па Митровиќ од зад грб со тупаници го нападнал Печенковски и го нокаутирал. Откако ги раздвоиле, а Митровиќ си заминал од салата, нападнатиот Печенковски го информирал клубот и била повикана полицијата.

Останува да се види реакцијата на клубот за инцидентот, но и потенцијалните казни ако ги има за хаосот што се случил.