Бањаја ја освои Малезија и сега е на чекор од титулата!

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја беше најбрз на трката за Големата награда во Малезија, која е претпоследна за оваа сезона во Мото ГП шампионатот, па така стигне на чекор до титулата.

Италијанецот на патеката „Сепанг“ стигна до седмата победа оваа сезона, по која има 23 бодови предност во однос на актуелниот првак Фабио Квартараро, кој заврши трет на трката.

Тоа значи дека на Бањаја му се потребни само два бода во Валенсија за да ја освои шампионската титула, а следната трка се вози на „Рикардо Тормо“ на 6 ноември.

Зад Бањаја на трката во Малезија заврши Бастијанини, додека трет беше Квартараро, по што во топ-10 следат Безеки, Ринс, Милер, Маркез, Биндер, Зарко и Морбидели.